ЗА НЕД ДО со 14 медали за Македонија од Светскиот куп во боречки вештини во Грција

Македонскиот тим, кој оваа година скромно броеше 9 натпреварувачи зеде учество на Светскиот шампионат во боречки вештини кој се одржа во Сер – Република Грција [12 – 13 мај 2018]. Шампионатот беше во организација на Светската федерација за боречки вештини а реализација на домаќинот – Грчката федерација за боречки вештини под покровителство на градоначалникот на Сер.

На настанот со свои национални тимови учество имаа 16 држави со над 1.000 натпреварувачи а Македонскиот тим кој се натпреваруваше во три категори: кик бокс – самоодбрана и музички форми со традиционално оружје освои 14 медали и тоа 9 златни – 4 сребрени и 1 бронзена.

“Оваа година не бевме во можност на Светскиот шампионат да партиципираме со целиот тим кој беше подготвен и тоа единствено поради финансиската исцрпеност на родителите и натпреварувачите кои веќе беа дел од тимот кој учествуваше на првиот Балкански куп кој се одржа во Брчко – Федерација Босна и Херцеговина каде бевме прогласени и за најнаградувана држава од регионот Балкан. Така да се решивме да настапиме со помлад тим кој во основа е само 1/3 од нашиот капацитет за овој настан.

Воедно како претставник за Светската федерација за боречки вештини би сакал да искажам зборови за спортска благодарност до домаќинот Грчката федерација за боречки вештини затоа што и без разлика на се не дозволија политиката да замеша прсти во спортот. Воедно благодарност и до првиот секретар при Генералниот конзулат на Република Македонија во Солун – господинот Златко Котевски кој за време на целиот настан беше како дел од нашиот тим.

Останувам на изјавите кои ги давам години наназад дека ние продолжуваме понатаму. Финански се тоа е во приватна режија но тоа не е пречка како знаеме и умееме да учествуваме и носиме успеси кои ги препишуваме на Република Македонија но и градот Битола каде е лоцирана академијата за боречки вештини “ЗА НЕД ДО”.” – изјави Златко Неделковски шеф на Македонската делегација.

“Задоволна сум од покажаниот професионализам на нашите натпреварувачи. Треба да се истакни дека тоа сепак се млади спортисти од 8 до 16 години и дека за дел од нив ова беше прво појавување на толку голем настан но ние практикуваме квалитетот веднаш да го извадиме на партер или во ринг затоа што 35 годишното искуство ни говори дека само така натпреварувачот ќе може да ги согледа сопствените можности а тренерот ќе го види на дело она за кое работеле макотрпно.

Ние не се фокусираме на победи и медали иако таков доем оставаме со крајните резултати. Ние сме познати по чистината во работата која е строго според прописите за соодветните категории во кои настапуваме па така преферираме технички “чиста” борба а успехот е награда која следи.

Некако традиционално во Сер за публиката најинтересни беа борбите помеѓу Македонија и Грција како соседни земји но никогаш со политичка конотација. Ние тренерите за време на борбата сме и гласни и борбени но сериозно нема поголем успех од одлично реализиран настап по кој при церемонијата на доделување на медалите на пиедесталот гордо се истакнуваат заеднички знамињата и на оној кој е втор или трет заедно со победникот и кога една национална химна ги обединува спортистите.” – истакна Дијана Неделковска главен тренер на Македонскиот тим.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

By | 2018-05-15T14:06:44+10:00 May 15th, 2018|Sport|Comments Off on ЗА НЕД ДО со 14 медали за Македонија од Светскиот куп во боречки вештини во Грција