Пишува Тодор ПЕТРОВ –
На социјалните мрежи се појавија фотографии од кранот кој наводно пристигнал од Бугарија за со него да се дислоцира споменикот на Александар Македонски од плоштадот “Македонија“! Станува збор за кран од моделот KATO NK-800, 80 тони носивост и 50 метри висина.
Не остана долго енигма, каде се наоѓа овој кран “егзекутор“! Порталот javno.mk на 28 март објави вест дека кранот “егзекутор“ се наоѓа на 10 минути од плоштад “Македонија“, во “дупката“ на заградениот плац зад Трговскиот центар “Рамстор“, одлично камуфлиран, со штипски регистарски таблички, на градилиште каде не се гради ништо и ништо нема за подигање. Дреме и чека употреба. Таблиците се црвени и припаѓаат на фирмата “Кран ко” од Штип, лоцирана на улица “Тродосие Паунов“ 34.
Плацот, пак, каде што е сместен кранот припаѓа на фирмата “Елан пропертис”, “градат” деловен објект, подрумот го градат веќе 4-та година. Иако има само бетонирана дупка, сепак има сериозно обезбедување и видео надзор.
Прашањата кшто заслужуваат одговор од надлежните органи се: Кој го порачал кранот од Бугарија да дојде во Скопје? За која намена е донесен крајот од Бугарија во Скопје? Кој ги плаќа трошоците за стоење во место? Во кој хотел е сместена екипата која го управува кранот? Колку чини дневницата за таа екипа? Кој им ги плаќа сметките и дневниците на членовите на екипата и од чиј биџет? До кога ќе го кријат кранот “егзекутор“? До кога кранот “егзекутор“ ќе мирува во Скопје?
Некои прашања заслужуваат одговор од власта, нели?