ПОСЛЕ РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА, ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО Е НЕУСТАВНО ПРЕД 30 СЕПТЕМВРИ 2020 ГОДИНА!

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со индигнација го отфрла ултимативното барање на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за целосно завршување на процедурата во врска со Преспанскиот договор во Скопје и во Атина до 15-ти февруари 2019 година.

Точно е дека Уставниот суд со Решение У.број 89/2017 од 7 февруари 2017 година не поведе постапка за оценување на уставноста на Одлуката за стапување на Република Македонија во членство во Северно-атлантската договорна организација – НАТО број 88-4670/1 од 23 декември 1993 година донесена од Собранието на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија“ број 78/1993), со образложение дека НАТО не е сојуз на држави туку меѓународна организација, односно Одлуката била правилно донесена врз основа на членот 121 од Уставот.

Меѓутоа, СМК потсетува дека во согласност со конечните резултати од гласањето на референдумот на 30 септември 2018 година, “одлуката за членство во НАТО не е усвоена, бидејќи не гласаа повеќе од половината (903.169) од вкупниот број (1.806.336) граѓани запишани на Избирачкиот список“!

Референдумот од 30 септември 2018 година ја суспендира Одлуката на Собранието за стапување на Република Македонија во членство во Северно-атлантската договорна организација – НАТО број 88-4670/1 од 23 декември 1993 година донесена од Собранието на Република Македонија!

Со референдумот од 30 септември 2018 година, Одлуката за членство на Македонија во НАТО повеќе не може да се донесе во Собранието, туку само на референдум!

СМК предупредува дека со референдумот од 30 септември 2018 година, во согласност со членот 19 од Законот за референдум, “Референдум за исто прашање не може да се повтори пред истекот на рокот од две години од денот на одржаниот референдум“!

Со референдумот од 30 септември 2018 година, нов референдум за членство на Македонија во НАТО може да се организира дури после 30 септември 2020 година!

Македонците во светот го отфрлаат пристапувањето на Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО Алијансата, поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на државното име Македонија и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија.

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Истовремено, СМК потсетува дека Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година не е дел од внатрешниот правен поредок на Македонија, односно не е во сила, бидејќи не е ратификувана во согласност со Уставот: (1) Спогодбата не е склучена од Претседателот на Републиката, туку од министерот за надворешни работи кој нема активна легитимација и надлежност; (2) Претседателот на Републиката не го потпиша указот за прогласување на Законот за ратификација на Спогодбата, ниту при првото гласање на 20 јуни 2018 година ниту при повторното гласање на 5 јули 2018 година во Собранието; (3) Законот за ратификација на Спогодбата не е објавен во “Службен весник на Република Македнија“ и не е во сила; (4) Спогодбата ја доведува Република Македонија во положба на потчинетост и зависност спрема друга држава, односно Република Грција, а според членот 308 од Кривичниот законик “Граѓанин кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор од најмалку пет години“; и (5) Спогодбата е во спротивност со Виенската конвенција за договорно право од 23 март 1969 година.

Името на држава, народ и јазик не се менува со меѓународен договор, со ништо не може да биде суспендирано, тоа е суверено право на внатрешната јурисдикција на државите и право на самоопределување и самоидентификација на народите! Спогодбата е склучена со кршење на принципите на меѓународното право и е во судир со императивната норма jus cogens на општото меѓународно право!

Поради сето ова, Спогодбата Димитров-Коѕиас и според домашното и според меѓународното право е ништовна и не произведува правно дејство, дури и да биде објавена во “Службен весник на Република Македонија“ без потпис на Претседателот на Републиката на Указот за прогласување на Законот за нејзина ратификација!

СМК предупредува дека според членот 2 точка 6 потточка (i) од Спогодбата Димитров-Коѕиас, Владата на Грција не може да го извести Претседателот на Советот на Европската Унија за поддршка за почеток на преговори за членство на Македонија во ЕУ, а според членот 2 точка 6 потточката (ii) Владата на Грција не може да го извести генералниот секретар на НАТО за поддршка НАТО да и’ упати покана за пристапување на Македонија. Без објава на Спогодбата Димитров-Коѕиас во “Службен весник на Република Македонија“ со Законот за ратификација и Указот за негово прогласување, Грција не може да ја ратификува Спогодбата Димитров-Коѕиас и Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО!

И според членот 1 точка 4 потточка (ѓ) од Спогодбата Димитров-Коѕиас, Владата на Грција не може да ја ратификува пред да влезе во сила со објавување во “Службен весник на Република Македонија“ заедно со Законот за нејзина ратификација и Указот за прогласување на Законот без потпис на Претседателот на Републиката!



DONATE TO WMC-A

As a not for profit association, the World Macedonian Congress – Australia can only achieve its goals with the assistance of our community. Without these donations, serving the Macedonian Community in Australia would not be possible.

Since our organization relies on the generosity of individuals and other organizations & businesses, we ask you to consider a donation to our cause. Please Click on the ‘DONATE’ button below and simply choose the amount you would like to donate. All donations are greatly appreciated.

We thank you in advance for your generosity.

By | 2019-01-04T05:20:34+11:00 January 4th, 2019|Latest News, News by Todor Petrov|Comments Off on ПОСЛЕ РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА, ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО Е НЕУСТАВНО ПРЕД 30 СЕПТЕМВРИ 2020 ГОДИНА!