МАНДАТОТ И ИМУНИТЕТОТ НА ПРАТЕНИКОТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ!

Пишува Тодор ПЕТРОВ

Ирелевантно дали некој некого сака или не сака. За секој важи презумцијата на невиност до правосилна судска пресуда… За сторено дело казниво со закон постојат органи кои за тоа се надлежни.

На 68 седница одржана на 27 ноември 2018 година, а по предлог на комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, Собранието одобри притвор на пратеникот Никола Груевски.

Медиумите, за жал, објавија лажна вест со наслов “одземен мандатот на Груевски“, други пак “одземен имунитетот на Груевски“.

На пратеникот Никола Груевски ниту му е одземен мандатот, ниту му е одземен имунитетот кој му трае до крајот на мандатот.

Имунитетот на пратеникот по сила на Уставот трае до крајот на мандатот! Имунитетот на пратеникот додека трае мандатот не може да го одземе никој, ниту законодавната, ниту извршната ниту судската власт!

Но, за волја на вистината, на барање на Основниот суд Скопје 1 Скопје, Собранието на 27 ноември 2018 година само издаде одобрение за притвор по оформени кривични предмети а по предлог на надлежното јавно обвинителство, поради отсуство на одржана јавна расправа и недостапност на органите на прогонот поради што е распишана меѓународна потерница откако е констатирано дека не се наоѓа на територијата на Република Македонија.

Според членот 64 од Уставот “(1) Пратениците уживаат имунитет. (2) Пратеникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или за гласање во Собранието. (3) Пратеникот не може да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години. (4) Собранието може да одлучи да се примени имунитет над пратеник и кога тој самиот не се повикал на него, ако е тоа потребно заради вршење на функцијата пратеник. (5) За време на мандатот пратениците не подлежат на обврска во вооружените сили. (6) Пратеникот има право на надомест утврден со закон. “

Дури и според ставот 3 од членот 64 на Уставот, Собранието не може да одобри притвор на пратеник, освен ако е затечен во вршење на кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години! Пратеникот има право и должност да присуствува на седниците на Собранието и на работното тело чиј член е, како и да учествува во работата и одлучувањето на Собранието и на работното тело, а Собранието е во постојано заседание! Тоа право не може никој да го одземе на пратеникот додека му трае мандатот, бидејќи пратеникот е претставник на граѓаните односно народот а не на Собранието, изрбан е на тајни и непосредни избори од граѓаните, а не од Собранието!

На пратеникот Никола Груевски ниту му престанал мандатот по службеност поради правосилна судска пресуда за издржување на казна затвор од две години.

Пратеник осуден со правосилна судска пресуда за кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење помалку од пет години не може да биде приведен заради нејзино издржување!

За жал по пратеникот Никола Груевски беше издаден судски налог за приведување заради издржување на казна затвор од две години по правосилна судска пресуда и потерница од полицијата за приведување!

И судијата и одговорното лице на полицијата извршија кривично дело со издадениот налог за лишување од слобода на пратеник поради издржување на казна затвор во траење помалку од пет години без одземен мандат!

На пратеник може да му биде одземен мандатот само кога е осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на функцијата пратеник, како и за неоправдано отсуство од Собранието повеќе од шест месеци. Но, одземањето на мандатот го утврдува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Собранието на Република Македонија претходно, на 9 ноември, не му го одзеде мандатот на пратеникот Никола Груевски. “За” предлогот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за одземање на мандатот на Никола Груевски гласаа 58 пратеници, а 27 беа против.

Заклучокот на пратениците дека нема елементи за одземање на мандатот на пратеникот го одложува извршувањето на казната затвор во траење од две години, дури по престанувањето на мандатот во 2020 година или порано, почнувајќи од денот на верификацијата на новоизбраните пратеници при распуштање на Собранието пред истекот на актуелниот мандат.

Крајно, Никола Груевски и натаму е пратеник до крајот на мандатот, освен ако самиот поднесе оставка лично на седница на Собранието што сега е невозможно, бидејќи веќе му е одобрен азил во Република Унгарија која нема да го екстрадира назад во Република Македонија!

 

THE MANDATE AND THE IMUNITY OF MP NIKOLA GRUEVSKI!

Todor Petrov Writes – 

It is irrelevant whether someone wants or does not want to. For everyone, the presumption of innocence is valid until a final court verdict … For a committed criminal act, there are organs that are competent for this.

At the 68th session held on November 27, 2018, and on the proposal of the committee for procedural and mandate-immunity issues, the Assembly approved the detention of the MP Nikola Gruevski.

The media, unfortunately, reported false news with the title “Gruevski’s confiscated mandate”, others “deprived of Gruevski’s immunity”.

MP Nikola Gruevski has not been deprived of his mandate, nor has he been deprived of the immunity that lasts until the end of the mandate.

Immunity of the MP by force of the Constitution lasts until the end of the mandate! The immunity of the MP during the term of office can not be taken away by anyone, niether  by the legislative, executive, or judicial power!

But, in truth, at the request of the Basic Court Skopje 1, the Assembly, on 27 November 2018, only issued an approval for detention on established criminal cases and on the proposal of the  public prosecutor’s office, due to the absence of a public hearing and the inaccessibility of the bodies of the the prosecution for which an international arrest warrant has been issued after it has been established that it is not on the territory of the Republic of Macedonia.

According to Article 64 of the Constitution “(1) MPs enjoy immunity. (2) The MP may not be held criminally liable or be detained for an opinion or vote in the Assembly. (3) A Member of Parliament may not be detained without the approval of the Assembly, unless found in a criminal offense for which a prison sentence of at least five years is prescribed. (4) The Assembly may decide to apply immunity over a Representative and when he does not invite him, if necessary for the purpose of performing the office of Member of Parliament. (5) During the term of office, the deputies shall not be liable to the armed forces. (6) The Member of Parliament has the right to compensation determined by law. ”

Even under paragraph 3 of Article 64 of the Constitution, the Assembly can not approve detention of a Member of Parliament unless it is caught in committing a criminal offense for which a prison sentence of at least five years is prescribed! The Representative has the right and duty to attend the sessions of the Assembly and the working body of which he is a member, as well as to participate in the work and decision making of the Assembly and the working body, and the Assembly is in permanent session! This right can not be deprived to anyone by the lawmaker as long as his mandate lasts, because the MP is a representative of the citizens, ie the people and not the Parliament, he is built on secret and direct elections by the citizens, not the Parliament!

MP Nikola Gruevski did not discontinue his official mandate due to a final court verdict to serve a prison sentence of two years.

A lawmaker convicted by a final court verdict for a criminal offence for which a sentence of imprisonment of less than five years is prescribed can not be deterred for the purpose of serving it!

Unfortunately after the MP Nikola Gruevski was issued a court order for detention to serve a prison sentence of two years, after a final court verdict and an arrest warrant from the police for arrest!

Both the judge and the police committed a criminal act with the issued order for deprivation of liberty of a Member of Parliament for serving a sentence of imprisonment of less than five years without a deprivation mandate!

A deputy may be deprived of his mandate only when convicted of a criminal or other offense that makes him unworthy of performing the office of Member of Parliament, as well as for unjustified absence from the Assembly for more than six months. However, the revocation of the mandate shall be determined by the Assembly by a two-thirds majority vote of the total number of Representatives.

The Parliament of the Republic of Macedonia earlier, on November 9, did not take away the mandate of the MP Nikola Gruevski. 58 MPs voted “FOR” the proposal of the Commission for Rules of Procedure and Mandate-Immunity Issues to revoke the mandate of Nikola Gruevski, and 27 voted against.

The decision of the MPs that there are no elements for revoking the mandate of the MP is delaying the execution of the sentence of imprisonment for a term of two years, even after the termination of the mandate in 2020 or earlier, starting from the date of verification of the newly elected Members of Parliament when dissolving the Assembly before the expiration of the current mandate.

Finally, Nikola Gruevski remains MP until the end of his term unless he resigns personally at a session of the Assembly, which is now impossible because he has already been granted asylum in the Republic of Hungary which will not extradite him back to the Republic of Macedonia!

 



 

This Article Proudly Sponsored by;

 

By | 2018-11-29T13:02:54+11:00 November 29th, 2018|Latest News, News by Todor Petrov|Comments Off on МАНДАТОТ И ИМУНИТЕТОТ НА ПРАТЕНИКОТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ!