Првиот ден од Светскиот куп во Грција Македонија го заврши со 7 златни и 2 сребрени медали

Академијата за боречки вештини “ЗА НЕД ДО” од Битола како претставник во Светската федерација за боречки вештини и оваа година зема учество на Светскиот куп во боречки вештини кој се одржува во Сер – Република Грција кој се одржува викендов во организација на Грчката федерација за боречки вештини а со поддршка на градоначалникот на Сер.

На првиот натпреварувачки ден, на денешните квалификациони, полуфинални и финални борби, тимот од 9 натпреварувачи освои 7 златни и 2 сребрени медали додека утре на вториот натпреварувачки ден се очекуваат уште 4 финални борби и една за бронзен медал.

Составот од 9 натпреварувачи е поради претходното учество на Балканскиот куп кој се одржа во Федерацијата Босна и Херцеговина, настан кој резултираше со финансиска истрошеност па “ЗА НЕД ДО” академијата реши на Светскиот куп да оди со подмладена екипа која во основа е само 1/3 од натпреварувачите кои беа планирани да земат учество на овој голем настан на кој учество со свои национални тимови имаат 15 држави со над 1.000 натпреварувачи.

Тимот го предводат шефот на Македонската делегација во Светската федерација за боречки вештини Златко Неделковски и главниот тренер Дијана Неделковска.

Пишува Славчо Недековски

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


 

By | 2018-05-13T15:50:35+10:00 May 13th, 2018|Latest News, Sport|Comments Off on Првиот ден од Светскиот куп во Грција Македонија го заврши со 7 златни и 2 сребрени медали