April 27, 2019, Skopje, Macedonia – In this initial report, we present you just one part of the interview with the President of the World Macedonian Congress, Todor Petrov, for the state-owned Greek Radio Television ERT, with journalist Georgios Georgiadis, filmed on April 20, 2019. We will publish the subtitled interview at a later date.
The President of the World Macedonian Congress, Todor Petrov, said that the Prespa Agreement is an act of High Treason against the country and the nation, genocide against the Macedonian people and a crime against humanity, contrary to domestic and international law, by which Athens becomes the administrator of the new state “Northern Macedonia” which is projected as a territory without people and history.
According to Petrov, after Athens divided northern Greece into three regions of Eastern Macedonia and Thrace, Central Macedonia and Western Macedonia in 2010, with the renaming of the state, Macedonia in “Northern Macedonia” practically, proclaims territorial pretensions towards the state of Macedonia. There is no state of Southern Macedonia to have a state of Northern Macedonia! If we are “Northern Macedonia”, and in Greece, there are the regions of Eastern Macedonia and Thrace, Central Macedonia and Western Macedonia, the question is where is Southern Macedonia in Greece, unless it is from Olympus to Athens.
Petrov accused Greece of ethnic cleansing of Macedonians in the Balkan Wars and the Greek Civil War, demanded an apology from Athens about the historical and social injustices towards the Macedonians and the restitution of the civil rights and freedoms of the forcibly persecuted Macedonians from the Balkan Wars and the Greek Civil War – citizenship and property and inheritance rights.
Despite all this, Petrov called for Macedonian-Greek reconciliation and an Agreement for lasting peace and good neighbourly relations between Macedonia and Greece on the basic principle of the international right to equal sovereignty, which means: cooperation with all on all matters of common interest, non-interference in the internal affairs and reciprocity in mutual relations.
This is a state of Macedonia and will remain so!
Petrov urges urgent annulment of the Prespa agreement …
At the end of the interview, Todor Petrov, the president of the World Macedonian Congress, whose family originated from the Aegean part of Macedonia, from Makuhovo (Evzoni in Greek) from the Kukushka region, forcibly evicted from the Balkan wars, sent a message in Greek at the request of the journalist : “Greetings to the Greeks and Greece from the Macedonians and Macedonia. Let us not forget that we are brothers in Christianity. Stay Healthy and Christ has Risen! “
PLEASE SCROLL DOWN TO WATCH THE INTERVIEW ON VIDEO
ИНТЕРВЈУ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СМК ЗА ДРЖАВНАТА ГРЧКА РАДИО И ТЕЛЕВИЗИЈА ЕРТ
27 април 2019 година, Скопје, Македонија – Во прилог ви пренесуваме дел од интервјуто на претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров за државната Грчка радио телевизија ЕРТ со новинарот Георгиос Георгиадис, снимено на 20 април 2019 година. Титлуваното интервју ќе го објавиме дополнително.
Претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров рече дека Преспанскиот договор претставува велепредавство на државата и нацијата, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото, спротивен на домашното и на меѓународното право, со кој Атина станува администратор на нова држава “Северна Македонија” која се проектира како територија без народ и историја.
Според Петров, откако Атина во 2010 година ја подели Северна Грција на три региони Источна Македонија и Тракија, Централна Македонија и Западна Македонија, со преименувањето на државата Македонија во “Северна Македонија” практично прокламира територијални претензии кон државата Македонија. Не постои држава Јужна Македонија за да постои држава Северна Македонија! Ако ние сме “Северна Македонија”, а во Грција ги има регионите Источна Македонија и Тракија, Централна Македонија и Западна Македонија, прашањето е каде е Јужна Македонија во Грција, освен ако не се мисли од Олимп до Атина.
Петров ја обвини Грција за етничко чистење врз Македонците во Балканските војни и Граѓанската војна во Грција, побара извинување од Атина за историските и општествените неправди кон Македонците и враќање на граѓанските права и слободи на насилно прогонетите Македонци од Балканските војни и Граѓанската војна во Грција – државјанствата и имотните и наследните права.
И покрај се’, Петров повика на македонско-грчко помирување и Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Грција врз основниот принцип на неѓународното право на еднаква сувереност што подразбира: соработка со сите по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи и реципроцитет во меѓусебните односи.
Ова е држава Македонија и така ќе остане!
Петров повика на итно поништување на Преспанскиот договор…
На крајот од интервјуто, претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров, чија фамилија е по потекло од Егејскиот дел на Македонија, од Мачуково (Евзони по грчки) од Кукушката околија, насилно протерани од Балканските војни, на барање на новинарот упати порака на грчки јазик: “Поздрави до Грците и Грција од Македонците и Македонија. Да не заборавиме дека сме браќа и христијани. Останете со здравје и Христ Воскресе!”