СПОМЕНИЦИТЕ ОД АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА НЕ СЕ АНТИЧКО ГРЧКО МИНАТО!

Пишува Тодор ПЕТРОВ

Спомениците од античка Македонија не се античко грчко минато како што велат Алексис Ципрас и Зоран Заев!

Спомениците од античка Македонија се македонско културно-историско наследство!

И во македонската култура и историја нема дисконтинуитет, туку континуитет од пред нашата ера до денес…

Во времето на античка Македонија не постоела Грција!

Атина за првпат во својата историја ја окупира Македонија во Балканските војни 1912-1913 година. Во октомври 1912 година, грчкиот крал Георгиос Први издава декрет до Владата на Венизелос за “воспоставување на времена управа во окупираните територии на Македонија!”

Се разбира, културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации!

И покрај се’ и после се’, Македонците предлагаат помирување на Македонскиот народ со соседните народи и договори за траен мир и добрососедство помеѓу државата Македонија со соседните држави, врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност што подразбира: (1) соработка со сите по сите прашања од заеднички интерес, (2) немешање во внатрешните работи и (3) реципроцитет во меѓусебните односи!

Македонците простуваат, но не забораваат! Македонците бараат враќање на државјанствата, имотните и наследните права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија и на нивните наследници од времето на Првата и Втората Балканска Војна, Првата и Втората Светска Војна и Граѓанската Војна во Грција, и репарации за штетите по животите и имотите на насилно прогонетите Македонци и експлоатацијата на природните и археолошките богатства во окупираниот дел на Македонија!

Македонците бараат претседателот на државата: (1) да го извести Генералниот Секретар и земјите членки на Обединетите Нации дека Спогодбата Димитров-Коѕиас е ништовна, бидејќи не е ратификувана во согласност со Уставот и не е дел ид внатрешниот правен поредок на државата Македонија, и е во спротивност со домашното и меѓународното право; и (2) да достави Резолуција до Генералното Собрание за безусловно продолжување на членството во Обединетите Нации под името Македонија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик (Republika Makedonija) туку на англиски јазик Republic of Macedonia, со меѓународниот код МК односно МКД, и нотифијација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки на Балканските војни: окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ кој се’ уште трае до денес.

Македонците во светот го отфрлаат пристапувањето на државата Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО Алијансата, поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата Македонија и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на името, јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија!

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонската народ!

Македонија вечна, од исконот до бескрајот! Амин!



If you have articles which are news worthy or you are a writer and would like your articles published, please get in touch with our MEDIA department. We would love to hear from you.

By | 2019-04-03T14:12:58+11:00 April 3rd, 2019|Latest News, News by Todor Petrov|Comments Off on СПОМЕНИЦИТЕ ОД АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА НЕ СЕ АНТИЧКО ГРЧКО МИНАТО!