СМК – Меѓународно соопштение за медиумите

12/01/2019, Сиднеј, Австралија

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) остро го осудува вчерашниот чин на велепредавство кој го изврши Владата на Македонија. СМК е длабоко разочаран од сите 81 пратеник кои гласаа “ЗА” за промената на уставот и преименување на Република Македонија.

Меѓународен Претседател Господин Тодор Петров, Меѓународен Под-Претседател и Глобален главен оперативен директор Џим Стефановски и членовите на  интернационалниот тим, Претседателите на СМК и гранките кои оперираат во Австралија, Европа, Канада, Обединето Кралство и пошироко во светот како и членовите на управните одбори кои оперираат во рамките на Светскиот Македонски Конгрес изразуваат жалење и разочарување во Владата која ги овозможи настаните кои претходеа и доведоа до овој чин на велепредавство, промена на уставното име на Република Македонија!

Македонија не е мртва иако некои милуваат да кажат дека е! Како може да биде мртва искрата која тлее! Искрата Македонија тлее во секој од нас и ќе тлее и ќе се разгори повторно во блиска иднина!

“Ние Македонците по род во земјата и надвор и другите граѓани кои си ја сакаат и живеат во земјата без разлика на припадност и вера никогаш, ама никогаш нема да признаеме никаква придавка или додавка и да се откажеме од  единственото име кое е достојно за ова наше парче земја во рамките на сегашните граници и со својата уникатна унитарност, Република Македонија!” – Пишува Стефановски.

Затоа СМК ги повикува Македонците од Македонија и ширум светот да не ја губат надежта која е основна нишка на постоењето и да продолжат да се борат на сите можни начини кој како може и умее за зачувување на Република Македонија. Нашите традиции, култура, јазик, историја опстојувале со милениуми и нема да изумрат сега затоа што оваа Влада поточно 81 пратеник на чело со Премиерот Заев решија така. Должни сме им на нашите предци, себе си и на нашите поколенија да се бориме и да се избориме за вистината на Македонија. Вистината можеби бавно доаѓа но никогаш не изостанува.

Затоа ги повикуваме сите Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци и сите други граѓани на Република Македонија да ни се приклучат во борбата за зачувување на нашата Република Македонија во рамките на нејзините граници и со унитарна својственост онаква каква што е и ја сакаме! Борбата за Македонија продолжува!

И за крај една мудра порака од Претседателот Тодор Петров: “Промената на името на државата и идентитетот на нацијата не е национално помирување, туку национално велепредавство!”

Никогаш Северна! Секогаш Македонија!

Македонија Вечна!


The World Macedonian Congress (WMC) strongly condemns yesterday’s act of high treason committed by the Government of Macedonia. The WMC is deeply disappointed with all 81 MPs who voted “FOR” on the change of the constitution and the renaming of the Republic of Macedonia.

International President Mr. Todor Petrov, International Vice President and Global Chief Operations Officer Jim Stefanovski – and members of the international team, the Presidents of SMK Branches that operate in Australia, Europe, Canada, the United Kingdom and beyond in the world, as well as members of the Management Boards operating within the framework of the World Macedonian Congress express regret and disappointment in the Government that enabled the events that preceded and led to this act of high treason, the change of the constitutional name of the Republic and Macedonia!

Macedonia is not dead even though some say it is! How can it be a dead spark but is smouldering! The spark of Macedonia glows in each one of us, will continue to glow and it will burn again in the near future!
“We Macedonians by birth, in the country and abroad and other citizens who love and live in Macedonia, regardless of their upbringing and faith, will never accept any adjective or addition to our historical name and give up the only name that is worthy to describe this piece of land within the current borders and with its unique unity, Republic of Macedonia!”, writes Stefanovski.

Therefore, the WMC calls on Macedonians from Macedonia and around the world not to lose hope that is the basic thread of existence and to continue to fight in all possible ways that they can and continue to preserve the Republic of Macedonia. Our traditions, culture, language, history have survived for millennia and will not die now because this government, headed by Prime Minister Zaev, decided so. We owe our ancestors, ourselves and future generations to fight and continue to fight for the truth of Macedonia. The truth may come slowly but never disappears.

Therefore, we urge all Macedonians, Albanians, Turks, Roma, Vlachs, Bosniaks and all other citizens of the Republic of Macedonia to join us in the fight for the preservation of our Republic of Macedonia and give her all the love and respect that we can! The fight for Macedonia continues!

And finally, a wise message from President Todor Petrov: “The change of the name of the state and the identity of the nation is not a national reconciliation but a national high treason!”

Never North! Always Macedonia!
Macedonia forever!



Медија контакт и понатамошни информации:

Билјана Антоска Стојанов, Асистент на Џим Стефановски во глобално-интернационални операции

By | 2019-01-12T22:16:17+11:00 January 12th, 2019|Latest News, Press Release|Comments Off on СМК – Меѓународно соопштение за медиумите