ЧЛЕНОВИТЕ НА ВЛАДАТА И СОБРАНИЕТО КОГА ТОГАШ ЌЕ ОДГОВАРААТ ПРЕД СУДОТ НА НАРОДОТ, ИСТОРИЈАТА И ПРАВДАТА!

Отфрлена кривичната пријава на СМК од 14 септември 2018 година против Димитров и Заев

20 февруари 2019 година, Скопје, Македонија – Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава поднесена од Светскиот Македонски Конгрес на 14.09.2018 година против две лица за повеќе кривични дела – Повреда на угледот на државата, Излагање на подбив на Македонскиот народ и припадниците на заедниците, Велепредавство, Загрозување на независноста, Здружување заради непријателска дејност, Несовесно вршење на службата и Самовластие.

Пријавата беше поднесена против лицата во својство на министер за надворешни работи и претседател на Владата и во неа се наведува дека тие сториле и кривични дела – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста и Злоупотреба на службена положба и овластување за кои, согласно законската надлежност, претходно се произнесе Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Според подносителот на пријавата, пријавените делата ги извршиле склучувајќи ја Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации. Притоа пријавените постапиле спротивно на уставната обврска да го штитат уставниот поредок и суверенитетот, а со промена на идентитетот на нацијата ја загрозиле унитарноста и независноста и државата ја довеле во положба на потчинетост или зависност кон странска држава.

По проучување на наводите во пријавата, надлежниот јавен обвинител утврди дека во дејствијата на пријавените не се содржани битни елементи на наведените кривични дела.

Имено, за да може водењето на преговорите за промена на името на државата во кривично-правна смисла да се смета за повреда на угледот на државата и излагање на подбив на македонскиот народ и припадниците на заедниците, потребно е кај пријавените да постои јасно утврдена намера насочена кон потсмев, омаловажување и обезвреднување на Републиката. Во Преамбулата на Спогодбата, двете страни потписнички се обврзуваат на почитување на начела, принципи и стандарди кои се меѓународно прифатени, а со цел решавање на разликите околу името и зацврстување на добрососедските односи. Притоа, намерата за исмејување, како посебен субјективен елемент на противправноста не е содржана во дејствата на пријавените.

Кривичното дело – Велепредавство може да му се стави на товар на некое лице единствено ако со употреба на сила или сериозна закана се обиде да го измени уставниот поредок на државата или да ги собори највисоките државни органи. Во дејствијата на пријавените нема примена на сила, ниту сериозна закана како средство за изнудување определена одлука или поведение.

Кога станува збор за кривичното дело – Загрозување на независноста, пријавените при потпишувањето на Спогодбата, не биле ниту под влијание, ниту пак имале помош од државата кон која нашата земја би се довела во потчинетост или зависност, што се клучни елементи на битието на ова кривично дело.

Надлежниот јавен обвинител констатираше дека во дејствијата на пријавените при потпишување на спогодбата не постои заговор за вршење велепредавство или други кривични дела, па со самото тоа не постојат ниту елементите на кривичното дело – Здружување заради непријателска дејност.

Во однос на кривичното дело – Несовесно работење во службата, потребно е од страна на службено лице да бидат преземени дејствија кои претставуваат повреда на законските прописи за судир на интереси или за совесно постапување при вршење дискреционо овластување, со пропуштање должен надзор , со што се прибавува корист за себе или друг или пак на друг ќе му биде нанесена штета. Во овој случај не може да стане збор за постоење намера за прибавување корист или нанесување штета, односно ваквите наводи во пријавата се базираат на претпоставки на пријавителот за кои нема можност за докажување.

Кривичното дело – Самовластие од член 392 став 1 од Кривичниот законик, пак, се гони по приватна тужба и за ова дело јавниот обвинител не е овластен тужител.

Имајќи ги предвид наведените факти, надлежниот јавен обвинител донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава, бидејќи пријавените дела не се кривични дела за кои се гони по службена должност.

ИЗЈАВА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СМК


Тодор Петров

Претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров, во врска со решението на Основниот јавен обвинител за Скопје, ја даде следната изјава: “Светскиот Македонски Конгрес има поднесено повеќе кривични пријави против членовите на Владата и Собранието за велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото поради дејствија со кои е извршена промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ односно идентитетот на нација!

Денешната објава на Основното јавно обвинителство Скопје за отфрлање на кривичната пријава против Никола Димитров и Зоран Заев се однесува на дејствија со кои пристапиле кон спроведување на Спогодбата со Грција од 17 јуни 2018 година. Имено, на 10 септември 2018 година Никола Димитров и Зоран Заев формираа таканаречен “Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања меѓу Македонија и Грција“, пред да стапи во сила Спогодбата со Грција, во чиј состав од македонска страна се седум члена на чело со амбасадорот Виктор Габер, со задача да изврши ревизија на македонската историја. Иако и самите објавија дека Спогодбата со Грција стапила во сила на 12 февруари 2019 година, а во основа, и покрај се’, ништова и според домашното и според меѓународното право.

Траги-комично е образложението на Основното јавното обвинителство за отфрлање на пријавата против Никола Димитров и Зоран Заев за повеќе кривични дела. Ако повредата на угледот на Република Македонија, излагањето на подбив на Македонскиот народ и припадници на заедниците, велепредавството, Загрозувањето на независноста, терористичкото загрозување на уставниот поредок и безбедноста, здружувањето заради непријателска дејност, Злоупотребата на службената положба и овластување, несовесното вршење на службата, и самовластието, не се кривични дела чиј епилог е промена на името на државата и идентитетот на нацијата, тогаш што е обвинението на Специјалното обвинителство против лицата за настаните на 27 април 2017 година во Собранието?

Траги-комично е тврдењето на јавниот обвинител дека при склучувањето на Спогодбата со Грција, Никола Димитров и Зоран Заев немале јасно утврдена намера насочена кон потсмев, омаловажување и обезвреднување на Републиката, дека не примениле сила, ниту сериозна закана за изнудување определена одлука или поведение, не ја довеле државата во потчинетост или зависност кон друга држава, не се здружиле заради заговор за вршење велепредавство или други кривични дела, и не прибавиле корист при склучувањето на Спогодбата со Грција бидејќи нема можност за докажување.

Ако велепредавство не е тоа што ја урнисаа демократијата со закани и уцени врз пратениците да гласат за промена на името на државата заради спроведување на Спогодбата со Грција, тогаш демократија ли е промената на името на државата и идентитетот на нацијата ако при преземањето на функцијата дале свечена изјава дека ќе ја вршат совесно и одговорно и ќе го почитуваат Уставот и законите на Република Македонија, а не на држава Северна Македонија?

И пратениците и министрите на ВМРО-ДПМНЕ веруваа дека власта е недопирлива, ама денес гледаме како шетаат по судови и затвори. Животот е тркало, ќе дојде ден и за демократијата во Македонија, членовите на Владата и Собранието ќе одговараат пред судот на народот, историјата и правдата, со доживотен затвор и конфискација на личниот имот и имотот на семејството во земјата и странство, затоа што нивните кривични дела не застаруваат.

Светскиот Македонски Конгрес изразува жалење поради однесувањето на јавното обвинителство кое, за жал, врши суспензија на еднаквоста на сите пред уставот и законите. Уставот и законите важат за сите, а одговорноста на носителите на власта е најголема во општеството, на што одамна веројатно заборавиле!“ – рече на крајот претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров.



DONATE TO WMC-A

As a not for profit association, the World Macedonian Congress – Australia can only achieve its goals with the assistance of our community. Without these donations, serving the Macedonian Community in Australia would not be possible.

Since our organisation relies on the generosity of individuals and other organisations & businesses, we ask you to consider a donation to our cause. Please Click on the ‘DONATE’ button below and simply choose the amount you would like to donate. All donations are greatly appreciated.

We thank you in advance for your generosity.

By | 2019-02-21T03:59:48+11:00 February 21st, 2019|Latest News, News by Todor Petrov|Comments Off on ЧЛЕНОВИТЕ НА ВЛАДАТА И СОБРАНИЕТО КОГА ТОГАШ ЌЕ ОДГОВАРААТ ПРЕД СУДОТ НА НАРОДОТ, ИСТОРИЈАТА И ПРАВДАТА!