ЗАЕВ ВО ПАНИКА ПОРАДИ КАМПУС МАКЕДОНИЈА НА #БОЈКОТИРАМ ПРЕД ВЛАДАТА!

Во врска со употребата на сила и сериозна закана за спречување на уредно пријавениот мирен јавен собир заради изразување на јавен протест на 15 декември 2018 година пред Владата на Република Македонија Движењето #Бојкотирам одржа прес конференција, на којашто беше речено:

Иако граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест без претходно пријавување и без посебна дозвола, Движењето #Бојкотирам на 13 декември годинава, до Градската управа на Министерството за внатрешни работи уредно пријави неколкудневен мирен протест пред Владата, со повеќе јавни трибини, почнувајќи од 15 декември, во видно обележан и ограден простор наречен Кампус Македонија, на само една сообраќајна лента на булеварот пред Владата, со бина, шатор и контејнери-тоалети. Патем, Кампус Македонија претставува организиран отпор за отфрлање на измените на Уставот за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

И покрај тоа што на 14 декември организаторот постигна договор во Градската управа на МВР за регулација на сообраќајот и за инсталација на Кампус Македонија, на 15 декември Владата забрани поставување на опремата со придружните содржини за одржување на уредно пријавениот мирен протест со образложение дека постои безбедносен ризик за гранатирање на Владата од бината, шаторот и контејнерите-тоалети во оградениот простор, поради што го спречи неговото одржување, ги врати камионите со контејнерите, оградите и шаторот, под закана со парична глоба од 3.000 евра!

Движењето #Бојкотирам најостро протестира против владината намера за суспензија на правата и слободите на граѓаните на мирен протест, наспроти шарената револуција која во 2015 година во шатори и монтажни објекти со месеци ги блокираше сообраќајните ленти на булеварот пред Владата во двете насоки.

Во врска со спречувањето на мирниот собир за изразување на јавен протест на 15 декември 2018 година пред Владата на Република Македонија, Координативното тело на Движењето #Бојкотирам:

  • Достави протестна нота до министерот за внатрешни работи, со барање одговор за причините поради кои е спречен мирниот протест;
  • Достави иницијатива до Уставниот суд за заштита на правото на мирен собир за изразување на јавен протест;
  • Достави известување до ОБСЕ, Советот на Европа, ЕУ и амбасадите во Република Македонија; и
  • Поднесе кривична пријава против министерот за внатрешни работи врз основа на членот 155 од Кривичниот законик заради употреба на сила и сериозна закана за спречување и смеќавање на одржувањето на мирен јавен собир и членот 353 од Кривичниот законик за злоупотреба на службената положба и овластување.

Независно од владината одлука, Движењето #Бојкотирам повторно ќе организира мирен собир пред Владата со намера за инсталација на Кампус Македонија.

Да биде иронијата поголема, зачудува упорноста на Владата преку полициски и државни инспектори да ги одврати транспортот и испораката на контејнерите за Кампус Македонија.

Полициски и државни инспектори добиле налог да го евидентираат секое движење на товарно возило со контејнери, со упис производител, нарачател, дестинација на испорака, под страв да не бидат поставени пред Владата на Македонија!

Од извори блиски на Владата, на 15 декември, полицијата ги исклучувала сите товарни возила од сообраќај по булевар Илинденска и сите пристапни булевари кон Владата, заради можноста во некој од нив да се наоѓаат контејнери што би се поставиле пред Владата на Република Македонија.

Кампус Македонија е организиран отпор до остварување на целите на Движењето #Бојкотирам:

(1) Повлекување на постапката за пристапување кон измени на Уставот и поништување на измените на Уставот заради промена на името на државата и идентитетот на нацијата,

(2) Оставка на Владата,

(3) Распуштање на Собранието,

(4) Распишување вонредни парламентарни избори,

(5) Поништување на Спогодбата Димитров-Коѕиас, Договорот Заев-Борисов и Тиранската платформа, и

(6) Продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија!

Работата на Кампус Македонија е уредена со Куќен ред и редарска служа и обезбедување заради грижа за јавниот мир.

Кампус Македонија е отворен за сите кои ги прифаќаат целите и задачите на Движењето #Бојкотирам и Куќниот ред. Движењето #Бојкотирам и натаму ги повикува сите сојузи на здруженија, здруженија, фондации, партии, синдикати, установи, претпријатиа, неформални групи и поединци да пристапат во Движењето #Бојкотирам, заради обединување во континуиран и масовен Отпор против измена на Уставот заради промена на името на државата Македонија и идентитетот на нацијата!

Со сите разлики меѓу нас Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во татковината и во светот, само Македонија е нашиот единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот единствен заеднички содржател! Со Македонија постоиме, без Македонија сите заедно ќе исчезнeме!

Движењето #Бојкотира повикува на семакедонско помирување и обединување, затоа што во единството е силата за опстанок на нацијата и државата!

И затоа, сите Македонци еден за друг!

Кога неправдата станува закон, отпорот е наша должност!



DONATE TO WMC-A

As a not for profit association, the World Macedonian Congress – Australia can only achieve its goals with the assistance of our community. Without these donations, serving the Macedonian Community in Australia would not be possible.

Since our organisation relies on the generosity of individuals and other organisations & businesses, we ask you to consider a donation to our cause. Please Click on the ‘DONATE’ button below and simply choose the amount you would like to donate. All donations are greatly appreciated.

We thank you in advance for your generosity.

By | 2018-12-18T22:44:58+11:00 December 18th, 2018|Latest News|Comments Off on ЗАЕВ ВО ПАНИКА ПОРАДИ КАМПУС МАКЕДОНИЈА НА #БОЈКОТИРАМ ПРЕД ВЛАДАТА!