ВРХОВИСТИЧКИОТ ЛАВИРИНТ ВО МАКЕДОНИЈА

23 јуни 2017 година – Пишува Тодор ПЕТРОВ

Во почетокот на плурализмот, за СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ беше бугарофилска партија, лидерот Љупчо Георгиевски беше дежурен бугарофил.

Тито Петковски расфрлаше бугарски летоци во Скопје со обвинение: ВМРО-ДПМНЕ е бугарофилска партија.

Во почетокот на плурализмот, за ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ беше србоманска партија, лидерот Бранко Црвенковски беше дежурен србоман. На прашањето до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски“Зошто ги нарекувате социјалдемократите србомани?“, тој со одговорот “Ние нив ги нарекуваме србомани, бидејќи тие нас не нарекуваат бугарофили!“ Да ти пукне жолчката…

Подоцна, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ формира посебна партија ВМРО-Народна партија, зеде бугарско дравјанство и потпиша изјава дека е Бугарин по потекло, за него Македонците се Бугари.

За Љубчо Герогиевски, денес, ВМРО-ДПМНЕ е србоманска и пројугословенска партија, за ВМРО-Народна партија, Никола Груевски е србоман и пројугословен, ама ВМРО-Народна партија и Љубчо Георгиевски, денес, се коалициони партнери на СДСМ.

СДСМ речиси заборавија на бугарофилството на Љубчо Георгиевски и на ВМРО-ДПМНЕ, на ВМРО-Народна партија…

Денес, СДСМ станаа поголеми софиски врховисти од ВМРО-НП и Љубчо Георгиевски

Денес СДСМ, тие што обвинуваат дека Зоран Заев изврши предавство на македонските национални и државни интереси во Софија со долгорочни последици по државноста на Македонија и идентитетот на Македонскиот народ, ги прогласува за бугарофоби.

Заклучок: Кои идиоти!

Дополнување на заклучокот: Македонија не пати од дефицит на демократија, туку од суфицит на врховисти и колаборационисти, одроди и изроди, предавници и квислинзи…

Macedonian Prime Minister Zoran Zaev speaks during a news conference with Bulgarian Prime Minister Boyko Borissov in Sofia, Bulgaria, June 20, 2017. REUTERS/Stoyan Nenov

После посетата на Зоран Заев на бугарскиот премиер Бојко Борисов во Софија, бугарскиот пратеник во Европскиот парламент, Ангел Џамбаски излезе со нова провокација: “Македонија е српска конструкција, а македонско малцинство во Бугарија не постои! Средбата Заев-Бојков е историска. Десет години во Македонија владееше владата на ВМРО-ДПМНЕ, која всушност беше антибугарска а просрпска влада, која правеше се’ што е можно да го затвори патот кон Бугарија. Сегашната волја изразена од господин Зоран Заев е нешто сосема различно… Ако тие убави нешта се случат, средбата Заев-Бојков ќе ја памтиме како историска… Македонија е лажна српска конструкција измислена од Коминтерната во 1944 година, кога се измисли една нација која почна да измислува лажна историја и лажни херои, крадејќи ги бугарската историја и бугарските херои. Таа страница на Балканот треба да биде затворена, затоа што тоа е еден луна парк, или дизниленд. Ако го погледнете Скопје и видите во што го претворија, ќе сфатите дека се работи за тешко луд човек. Но, прво треба да има договор за добрососедство што ќе ги гарантира правата и интересите на огромната Бугарска заедница во Македонија. Второ, треба да се изврши промена на учебниците по историја. Тоа ќе биде тежок и долг пат. Тоа нема да биде од денес за утре, тоа нема да биде нормален процес. Но, фактот е штом има волја, има и начин тоа да биде.“

Директорот на Бугарскиот национален историски музеј, Божидар Димитров, пак, за бугарската емисија “Денот во живо“, повеќе од радосен, вели: “Зоран Заев призна дека македонскиот и бугарскиот се еден народ. Неговиот поклон пред Бугарскиот Цар Самоил го потврдува тоа… Мислев дека тоа нема да го доживеам… Но, Зоран Заев кажа дека бугарскиот и македонскиот се еден народ. Сега ќе се потпише и договор за добрососедство. Договорот има една клаузула што означува крај на македонизмот и претворање на Македонија во втора бугарска држава, не веднаш, туку постепено.“

За крај едно потсетување… Во 2005 година, во расправа за државното име Македонија, социјалдемократскиот идеолог Љубомир Данаилов Фрчкоски рече: “Владата треба да го извести медијаторот дека Македонија се однесувала во согласност со Резолуцијата усвоена при приемот, но таа Резолуција сега е исцрпена и затоа бара да биде примена во Обединетите Нации под уставното име.“ Според неговите толкувања на македонско-грчката Привремена согласност, “Македонија има обврска да преговара, но не до краен договор, а нашата добра волја да го правиме тоа ни ги затвора другите опции за решавање на проблемот – што, всушност, е и грчката тактика.“ Фрчкоски смета дека “во земјата не треба да се дебатира за името на државата како што тоа се иницира со предлогот на Никола Груевски за референдум и дека такво нешто има смисла само ако некој прифати промена на името на државата, а не претходно.“ Според негови оцени, “Македонија е премногу толерантна спрема своите внатрешни квислинзи, кои отворено работат за грчките интереси, па и не го кријат тоа…“

Годинава, 2017, изјавата на Фрчкоски од пред дванаесет години во 2005 година е самопотврда и за него и за многумина останати како него…

Станавме премногу толерантни спрема своите внатрешни квислинзи, кои отворено работат за грчките, бугарските, албанските и српските интереси, па и не го кријат тоа…

..Само Македонија, за жал, како држава не ја одбележа стогодишнината од окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година…

Македонијо, Македонијо…

By | 2017-08-01T02:10:29+10:00 June 23rd, 2017|Latest News, News by Todor Petrov|Comments Off on ВРХОВИСТИЧКИОТ ЛАВИРИНТ ВО МАКЕДОНИЈА