МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ЕДИНСТВЕНАТА ГАРАНЦИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА – ОТСЕКОГАШ И ЗАСЕКОГАШ!

Пишува Тодор ПЕТРОВ

10 јули 2017 година

Некои велат, евро-атлантските интеграции се единствената гаранција за стабилизација на Балканот, тука мислат и на Македонија.

Стана модерно да се пофалите дека некој ви гарантира нешто, некој ви е гарант за нешто.

И покрај се’, сепак, не смееме да заборавиме, дека Балканот не е производ на интересите на балканските демоси, дури и како современи политички нации. Балканот не е производ ниту на интересите на балканските етноси… Интересите на балканските демоси не биле спротиставени, бидејќи отсекогаш биле делови на исти империи на овие простори, делат заеднички културно-историски вредности.

Оттука и културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната гео-политика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации.

Ниту Републиката е Империјата, ниту Империјата е Републиката. Македонија Империја е поголема тема од Македонија Република и во време и во простор.

Балканот отсекогаш бил Македонија! Балканскиот Полуостров, отсекогаш бил Македонски Полуостров! Така отсекогаш бил именуван! Македонија е основата на Балканот и на Нова Европа! Македонија е основата на балканските нации…

За жал, Балканот денес е производ на интересите на големите сили кои ги граделе балканските ѕидови на раздорот во последните два века, ги цртале балканските граници на омразата заради свои сфери на влијание на овие простори, како и насекаде во светот. На териториите што ги владееле ставале принцови од свои кралски династии, тие си пишувале нови истории за териториите што ги владееле, та ги создале сите разлики меѓу балканските демоси. Владееле по правилото “Раздели па владеј!“

Балканскиот гордиев јазол е борба за правото на ексклузивитет, кој да го поседува ексклузивното право на културата и историјата на Македонија, на царската круна и на империите од овие простори…

Во секој случај, гаранцијата значи интерес! Никој, ама никој не дава гаранција некому без интерес. Можеби моментално и виртуелно тоа звучи примамливо и убаво, кога посилниот ќе каже, јас ти ги гарантирам мирот и стабилноста! Но, по правило, таквите гаранции се со инсталирана контролирана нестабилност и секогаш со можност за нејзина активизација заради туѓи и други интереси! Сметката отпосле се наплаќа, но никогаш не се заборава.

Затоа, единствена гаранција за мирот и безбедноста на Балканот се балканските нации!

Единствена гаранција за мирот и безбедноста на Македонија се Македонците, граѓаните на Македонија, и никој друг освен тие, отсекогаш и засекогаш!

Конечно, барем еднаш да научиме: Читаме историја, читаме од различни извори, читаме за различни интереси кон Македонците и кон Македонија, читаме за интересите на големите сили кон Македонците и кон Македонија во време и во простор. Иако, да не заборавиме, самите сме си ја пишувале историјата, со сопствена крв сме ја стекнале државата и слободата!

Конечно, да научиме дека: Македонија нема вечни пријатели, Македонија нема вечни непријатели, Македонија има вечни интереси! Тоа важи за сите, па и за нас!

Тоа што било вчера не мора да биде денес, тоа што е денес не било вчера или никогаш не се случило.

Американскиот унилатерализам и европскиот центризам се трајно минато свршено време. Светот се развива мултиполарно. Историјата ниту започнува, ниту завршува во Брисел, Стразбур и Вашингтон.

Наши вечни интереси се: името на државата, идентитетот на нацијата, мирот и безбедноста, империјалното искуство на мултикултурализмот, толеранцијата и коегзистенцијата, стандардот на граѓаните, развојот на Македонија и соработката со соседите и светот!

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Да живееме како никогаш ќе нема војна, но да се подготвуваме како утре ќе биде, затоа што никој нема да ни донесе мир и безбедност ако самите не ја сочуваме крваво стекнатата слобода и државата Македонија!

Да не бидеме колатерлна штета поради нечија друга и туѓа гаранција.

Македонија од исконот до бескрајот! Македонија вечна! Сите Македонци еден за друг! Амин!

By | 2017-08-01T02:02:41+10:00 July 10th, 2017|Latest News|0 Comments