115 ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Македонија одбележува 115 години од убиството на идеологот, организатор и водач на македонското револуционерно и национално-ослободително движење, Гоце Делчев. Одбележувањето започна со панихида на гробот на македонскиот револуционер во црквата “Свети Спас” во Скопје на која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската Православна Црква - Охридска Ахриепископија Неговото Блаженство г.г. Стефан Архиепископ Охридски и Македонски со свештенослужители [...]