МАКЕДОНЦИТЕ БАРААТ БЕЗУСЛОВЕН КРАЈ НА РАЗГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО!

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) во врска со посетата на амбасадорот Метју Нимиц на Македонија, бара безусловен крај на разговорите за разликата за државното име со Владата во Атина!

СМК и натаму смета дека разговорите за разликата за името на државата се безпредметни и претставуваат грубо мешање во сувереното право на една држава самостојно да избере име како елемент на внатрешно-правниот и државно-правниот субјективитет!

СМК повторува, дека државното име претставува неотуѓиво, неотстапно и неприкосновено веќе апсолвирано право на државата Македонија, во коешто никој не смее да се меша, затворено и со референдумот од 8 септември 1991 година, кога Македонскиот народ и македонските државјани во апсолутно мнозинство гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки, а одлуката на референдумот е задолжителна!

СМК изразува жалење од власта во Македонија, поради елементарното непознавање на меѓународното право, која од 1993 година сервисира прашања за кои воопшто не се разговара – името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација!

Македонците во светот бараат претседателот на Републиката, веднаш и безусловно, да упати нота до Генералниот секретар дека за Македонија разговорите за разликата за името на државата со Владата во Атина се завршени, како и да предложи Резолуција до Генералното собрание за продолжување на членството во Обединетите Нации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка Република, како јасна разлика од истоимената северна провинција во Грција и југо-западна провинција во Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик (Republika Makedonija), туку на англиски јазик (Republic of Macedonia), со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки – окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година што се’ уште траат.

Македонците во татковината и во светот отфрлаат пристапување на Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО Алијансата поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ и наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата Македонија, и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија.

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

By | 2017-07-03T12:33:48+10:00 July 3rd, 2017|Latest News|Comments Off on МАКЕДОНЦИТЕ БАРААТ БЕЗУСЛОВЕН КРАЈ НА РАЗГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО!