МАКЕДОНЦИТЕ БАРААТ БЕЗУСЛОВЕН КРАЈ НА РАЗГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО!

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) во врска со посетата на амбасадорот Метју Нимиц на Македонија, бара безусловен крај на разговорите за разликата за државното име со Владата во Атина!

СМК и натаму смета дека разговорите за разликата за името на државата се безпредметни и претставуваат грубо мешање во сувереното право на една држава самостојно да избере име како елемент на внатрешно-правниот и државно-правниот субјективитет!

СМК повторува, дека државното име претставува неотуѓиво, неотстапно и неприкосновено веќе апсолвирано право на државата Македонија, во коешто никој не смее да се меша, затворено и со референдумот од 8 септември 1991 година, кога Македонскиот народ и македонските државјани во апсолутно мнозинство гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки, а одлуката на референдумот е задолжителна!

СМК изразува жалење од власта во Македонија, поради елементарното непознавање на меѓународното право, која од 1993 година сервисира прашања за кои воопшто не се разговара – името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација!

Македонците во светот бараат претседателот на Републиката, веднаш и безусловно, да упати нота до Генералниот секретар дека за Македонија разговорите за разликата за името на државата со Владата во Атина се завршени, како и да предложи Резолуција до Генералното собрание за продолжување на членството во Обединетите Нации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка Република, како јасна разлика од истоимената северна провинција во Грција и југо-западна провинција во Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик (Republika Makedonija), туку на англиски јазик (Republic of Macedonia), со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки – окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година што се’ уште траат.

Македонците во татковината и во светот отфрлаат пристапување на Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО Алијансата поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ и наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата Македонија, и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија.

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

By | 2017-07-03T12:33:48+10:00 July 3rd, 2017|Latest News|1 Comment

One Comment

  1. Владата на РМ во 1991 година ја прифати и потпиша Декларацијата за признавање на југословенските држави, составена од страна ЕЗ/ЕУ и со тој чин изврши злосторство врз Македонија и врз Македонците!
    Подоцна Владата на РМ се откажа од Македонците во соседството и тоа го официјализира со измените на Уставот на РМ по Барање на ЕУ, а за време на војната агресија врз Македонија од страна на албанските терористи и сепаратисти, кои се борат за големоалбанската идеологија, Владата на РМ изврши велепредавство и го потпиша Охридскиот рамковен договор, преку кој официјално го „легализира злосторството врз човештвото“ под фразата „позитивна дискриминација“, фраза која е идентична со фразата „негативна фаворизација“.
    Македонците се изиграни од страна на политичките партии на Македонија, кои своеволно ја наметнаа евро-атланската стратегија во македонското општество и во изминативе 27 години се обидуваат пред меѓународните фактори да прикажат дека ние, Македонците, доброволно се откажуваме од сопствената држава и идентитет за да го прикријат своето злодело и да се извлечат неказнето од одговорноста: спроведување културен геноцид врз македонската држава и врз македонскиот народ.

Leave A Comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.